Дома Фудбал Алвеш: За Мбапе да, но за Халанд не би потрошил многу пари

Алвеш: За Мбапе да, но за Халанд не би потрошил многу пари

Фудбалерот на Барселона, Дани Алвеш повеќе би се одлучил за Килијан Мбапе отколку за Ерлинг Халанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во овој момент Мбапе и Халанд се најскапите фудбалери на трансфер пазарот и според најавите големи се шансите двајцата да ги променат клубовите на лето. Мбапе многу се поврзува со Реал Мадрид, додека за Халанд има повеќе клубови во игра, меѓу кои е и Барселона.

Според Алвеш, Мбапе е подобар и тој не би дал преголема сума на пари за Мбапе.

„Не би дал многу пари за Халанд, искрено не би потрошил многу пари за него. За Мбапе да, но не и за Халанд. Ако јас бев спортски директор мојата прва цел ќе беше Мбапе кој е покомплетен во сите аспекти. Во овој момент нема подобар од Мбапе, освен тоа одлично би се вклопил и во стилот на Барселона“, изјави Алвеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…