Саутемптон има намера да го задржи Албанецот, Армандо Броја во своите редови и се спремни на Челзи да му платат 25 милиони евра за позајмицата да стане и перманентен трансфер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
20-годишниот Армандо Броја е роден во Англија, а одлучи да игра за селекцијата на Албанија од каде потекнуваат неговите родители. Ако ваквите најави се остварат тој ќе стане најскапиот трансфер во историјата на Саутемптон.
Со своите настапи тој импресионираше во првиот дел од сезоната, па затоа и во Саутемптон се спремни добро да платат за тој да остане. Се чека да се види реакцијата на Челзи и каква ќе биде одлуката на германскиот стратег, Томас Тухел.