Дома Фудбал Алаба: И со пораз од Македонија шансите нема да бидат загубени

Алаба: И со пораз од Македонија шансите нема да бидат загубени

Давид Алаба неодамна направи трансфер во редовите на Реал Мадрид, а сега е фокусиран на репрезентацијата на Австрија со која ќе игра заедно во група со Македонија на Европското првенство.

Австрија ќе биде првиот противник на Македонија на 13. јуни во Букурешт и Алаба смета дека тој натпревар е навистина важен.

„Натпреварот со Македонија е многу важен. Мораме да влеземе во ритам и да ја вратиме самодовербата. Меѓутоа и да изгубиме од Македонија нашите шанси нема да бидат загубени“, изјави Алаба.

Покрај Австрија како што е познато во нашата група се уште Украина и Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Џевад Прекази: Југословенскиот фудбал остана без уште една легенда

Џевад Прекази почина на 70-годишна возраст. Само неколку дена претходно зборуваше за карие…