Дома Фудбал Англија Ако сега Барселона не го добие Вилијан, тогаш нема никогаш

Ако сега Барселона не го добие Вилијан, тогаш нема никогаш

0
willian

Барселона и летоска сакаше да го донесе Вилијан во своите редови, но Челси одби да го продаде и покрај богатите понуди.

Сепак, шпекулациите за потенцијален трансфер на Вилијан на Ноу Камп никогаш не запреа, а сега се појавија гласини дека Барселона спрема нова понуда за 30-годишниот крилен играч.

Британски Дејли Мејл тврди дека Барса е спремна да понуди 55 милиони евра плус еден фудбалер, а тоа наводно е Малком.

Иако во минатото Челси ги одбиваше понудите за Вилијан, на Камп Ноу се надеваат на фактот што Бразилецот наскоро ќе наполни 31 година сепак ќе ги натера Сините на договор. Инаку, Вилијан има договор со Челси уште 18 месеци.


Следете го Sportski.mk и на


 

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mајсторија: Пјаниќ го матираше грчкиот голман од 30 метри! (ВИДЕО)

Во овие моменти во рамките од квалификациите за Европското првенство 2020 репрезентацијата…