Дома Фудбал Останато Ако Рахим Стерлинг барем малку „беше“ Роби Фаулер денес ќе пишувавме за голем фер-плеј потег (ВИДЕО)

Ако Рахим Стерлинг барем малку „беше“ Роби Фаулер денес ќе пишувавме за голем фер-плеј потег (ВИДЕО)

0
sterling

Ќе беше навистина една убава спортска приказна доколку Рахим Стерлиг вчеравечер признаеше дека нема никаков пенал во натпреварот против Шахтјор.

Доколку во некој случај Рахим Стерлинг му пријдеше на судијата Виктор Касаи и признаеше дека не станува збор за никаков пенал, главниот арбитар можеби и ќе ја преиспиташе својата одлука.

Но, ниту тоа не мора да значи дека ќе ја променеше одлуката.

Можеби се сеќавате на една слична ситуација од натпреварот помеѓу Ливерпул и Арсенал во 1997 година. Тогаш 21 годишниот Роби Фаулер во обид да го прескокне голманот Дејвид Симан падна зад неговиот грб.


Следете го Sportski.mk и на


Во тие моменти Фаулер се обиде да го убеди главниот судија дека нема контакт за да досуди пенал во негова корист, но судијата Џерланд Ашби не сакаше да ја менува одлуката.

Стерлинг не се ни обиде да направи нешто слично, Сити водеше со 2:0 и до крајот на натпреварот славеше со убедливи 2:0. Крилиниот напаѓач после натпреварот се извини, но тогаш веќе на сите им беше сеедно.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навас останува во Мадрид и добива нов договор

И покрај шпекулациите за негово заминување, Кејлор Навас ќе остане во Реал Мадрид, тврди е…