Дома Фудбал Англија „Ако некој сака да замине затоа што не играме ЛШ, јас ќе го возам до новиот клуб“

„Ако некој сака да замине затоа што не играме ЛШ, јас ќе го возам до новиот клуб“


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Утре од 17:30 часот Ливерпул гостува кај Саутемптон во последниот натпревар од 38-то коло во Премиер лигата.

Сезоната избраниците на Клоп ќе ја завршат на петтото место и ќе играат во Лигата на Европа и тоа може да се гледа позитивно со оглед на лошиот старт на сезоната кој го имаа.

Поради неиграњето на Ливерпул во Лигата на шампионите се појавија шпекулации дека одредени фудбалери можат да си заминат, па германскиот стратег од новинарите доби прашање на таа тема.

„Ако било кој играч дојде кај мене и каже дека сака да си замине дека не играме во Лигата на шампионите, јас со сопствениот автомобил ќе го возам до новиот клуб. Тоа е нешто што навистина не го разбирам“, изјави Клоп на прес-конференцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ограбен домот на Серхио Рамос додека во него биле четирите деца

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Домот на Серхио Рамос…