Француските медиуми објавија дека е голема веројатноста Килијан Мбапе да го напушти ПСЖ до крајот на летниот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мбапе влезе во последата година од договорот со ПСЖ и одбива да ја продолжи соработката бидејќи сака да се пресели во Реал Мадрид.
ПСЖ се помири со фактот дека ќе го загуби Мбапе, па сака да избегне Французинот да замине без обештетување и очекува понуда од Реал Мадрид до крајот на преодниот рок.
Во ПСЖ работат на тоа да ангажираат негова замена доколку Мбапе си замине од клубот, а на листата со желби се наоаѓаат неколку играчи.
Француските медиуми утрово објавија дека прво име на списокот е ѕвездата на Евертон и бразилски репрезентативец Ричарлисон.
Нејмар сака да игра со својот сонародник, а цената на трансферот треба да изнесува 65 милиони евра.