Дома Топ вести „Ако Манчестер Јунајтед го доведе Кејн ќе ја освои Премиер лигата“

„Ако Манчестер Јунајтед го доведе Кејн ќе ја освои Премиер лигата“


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Манчестер Јунајтед предводен од Ерик Тен Хаг се обидува да се врати на победничките патеки и ако се суди по тоа што го гледаме во последно време Холанѓанецот оди во добра насока.

Очекувањата се дека по завршувањето на актуелната сезона Тен Хаг ќе има слобода во летниот преоден рок да побара засилувања со кои ќе бидат покриени позициите кои ќе се покажат до крајот на сезоната како проблематични. Една од тие позиции многу веројатно ќе биде напаѓачката.

Јунајтед се поврзува со неколку напаѓачи, меѓу нив е и Хари Кејн од Тотенхем. Поранешниот фудбалер на овој клуб, Луис Саха смета дека ако Јунајтед го доведе Кејн ќе може да се надева на освојување на Премиер лигата.

„Ако Кејн дојде во Јунајтед ви гарантирам дека ќе ја освојат Премиер лигата. Не можете да барате повеќе од таков играч.

Станува збор за фантастичен напаѓач кој многу добро го познава англискиот фудбал и зад себе има многу голови за Тотенхем и репрезентацијата“, изјави Саха па го образложи своето мислење.

„Со она што јас го гледам, Јунајтед во овој момент има поставеност во која последен дел од сложувачката која недостасува е напаѓач кој може да ви донесе 25 гола во сезона. Хари е токму таков“, изјави Саха.

Саха со Манчестер Јунајтед се израдува на два трофеи. Кејн во Тотенхем има уште 18 месеци во договорот и во последно време јавноста многу шпекулира за неговата иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи веќе мисли на наредниот преоден рок: „Сините“ сакаат засилување од Милан?

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Само што заврши јану…