Дома Фудбал Азар останува во Реал Мадрид

Азар останува во Реал Мадрид

Шпанските медиуми се сигурни дека Еден Азар нема да ја промени средината во зимскиот преоден рок.

Азар пред две години пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ со големи очекувања и „кралевите“ за неговиот потпис на Челзи му платија 115 милиони евра, плус бонуси.

„Кралевите“ не се задоволни од Азар за кој очекуваа да биде еден од предводниците на екипата кога го купуваа, но големиот број на повреди му ја уништи кариерата на Белгиецот.

Реал е спремен да се ослободи од Азар, а медиумите шпекулираа дека може да се врати во Премиер лигата.

Меѓутоа, Азар е одлучен во намерата да остане во Реал Мадрид и да се бори за место во тимот, па во јануари сигурно нема да прави трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Сити и Тотенхем го изиграа Ајнтрахт и го оставија без ниту еден цент!

Египетскиот фудбалер Омар Мармуш наскоро ќе се приклучи на Тотенхем од Манчестер Сити, а о…