Белгиецот го поздрави преминувањето на Бразилецот во редовите на ПСЖ.
ПСЖ го собори светскиот рекорд кога станува збор за трансферите, го донесе Нејмар во своите редови за 222 милиони евра, а Еден Азар на својот инстаграм профил му посака се најдобро во Франција и му порача дека ќе го освои трофејот, кој тој своевремени ги освојуваше.
Се работи за трофејот за најдобар играч во Лига1, кој два пати му припадна на Азар во периодот кога настапуваше за Лил.