Дома Фудбал Репрезентации Азар за киксот на Куртоа: Гледа видеа од мене, па сака да дрибла како мене

Азар за киксот на Куртоа: Гледа видеа од мене, па сака да дрибла како мене

Белгиецот Еден Азар вчера постигна два гола во победата на Белгија, а после натпреварот одлучи да се пошегува со Тибо Куртоа кој направи голем кикс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Куртоа се посрамоти и буквално му подари гол на Денис Черишев.

За негова среќа овој гол не беше пресуден кога е победникот во прашање бидејќи Белгија славеше со 3:1.

Најдобар на теренот беше Азар кој одлучи да се пошегува на сметка на својот голман.

„Мислам дека многу гледа видеа од мене, па тргна да дрибла како мене. Сепак, тој е малку повисок и не сигурно му е потешко. За среќа не беше ништо страшно, можеби ќе му биде проблем што ќе биде хит на социјалните мрежи“, се пошегува Азар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Блиску е ноември: УЕФА подготвува противкандидат на Инфантино!

Сето она што се случуваше пред и за време на овогодинешното Светско првенство во фудбал ја…