Дома Фудбал Азар доби јавна покана да премине во Реал Мадрид

Азар доби јавна покана да премине во Реал Мадрид

Еден Азар веќе долго период се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а Белгиецот и самиот неколку пати во медиумите зборуваше дека еден ден сака да го носи дресот на „кралевите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гласините за потенцијалниот трансфер на Азар во Реал Мадрид посебно се зголемија откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид. Зидан е фудбалскиот идол од детството на Белгиецот и сигурно дека тој може да биде дополнителна причина за да го избере Мадрид како негова следна дестинација.

Сега, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоa со изјавата за „Онда Серо“ јавно го покани својот сонародник да му се придружи во Мадрид.

Куртоа и Азар беа соиграчи и во Челзи, пред голманот минатото лето да го замени Лондон со Мадрид, но во таборот на „кралевите“ нема баш најдобра сезона. Сега со враќањето на Зидан, Кејлор Навас одново доби предност.

Белгискиот голман сега зборуваше за Азар и порача дека сака да му се придружи во Реал.

„Не можам да ви кажам дали ќе потпише за Реал Мадрид, не знам што ќе се случи. Можам да ви кажам дека зборуваме за фантастичен фудбалер, но јас не одлучувам за трансферите во клубот. Азар сигурно е еден од најдобрите во светот и како мој пријател би сакал да дојде и да играме заедоно во Реал Мадрид“, изјави Куртоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лука Вушковиќ стана втор најскап хрватски фудбалер во историјата!

Хрватскиот репрезентативен дефанзивец Лука Вушковиќ потпиша за Брајтон, доаѓајќи од Тотенх…