Дома Фудбал Англија Азар го реши финалето: Челзи нов шампион во ФА Купот! (Видео)

Азар го реши финалето: Челзи нов шампион во ФА Купот! (Видео)

Денес со почеток во 18:15 часот се одигра финалето во ФА Купот помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Челзи е нов освојувач на ФА Купот, избраниците на Антонио Конте славеа против „црвените ѓаволи“ со резултат 1:0.

„Сините“ одлучувакиот гол го постигнаа во 22 минута од натпреварот и тоа преку Еден Азар со удар од белата точка.

Манчестер Јунајтед беше апсолутно подобар противник посебно, после постигнувањето на погодокот кога Челзи се повлече на својата половина. Најголемите шанси за изедначување тимот на Мурињо ги пропушти во вториот дел.

Пол Погба пропушти одлична шанса кога по еден корнер остана заборавен во петерецот, но лошо шутираше со глава.

Треба да се истакне дека за Оливие Жиру ова е втор трофеј во низа во ФА Купот бидејќи минатата година ова натпреварување го освои со тимот на Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нова изјава на Марез ја разгоре сомнителната ситуација на Светското првенство

Најистакнатиот фудбалер на Алжир, Ријад Марез, се најде во центарот на јавноста поради сво…