Дома Фудбал Агуеро претчуствувал, одлуката во последен момент му го спасила животот

Агуеро претчуствувал, одлуката во последен момент му го спасила животот

Светот на фудбалот вчера беше потресен од информацијата дека Серхио Агуеро доживеал сообраќајна несреќа во која се здобил со повреди.

Агуеро возејќи се в такси доживеал тешка несреќа во која ги повреди ребата, а неговиот татко Леонел де Кастињо за виновник го посочи возачот на автомобилоѕ.

Откри дека неговиот син пречувствувал дека нешто лошо ќе се случи и го замолил возачот да ја намали брзината.

„Серхио го замолил возачот да забави и се што тој кажал е „океј“. Го ставил појасот, а потоа автомобилот излетал од патот и удрил во столбот. Фала му на Бога настрадаа само ребрата. Можеше да биде многу полошо“, истакна таткото на аргентинскиот фудбалер.

Агуеро ќе отсуствува одреден период поради повредата, а се уште не е познато кога би се вратил на тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шести гол во кариерата, а веќе ремек-дело: Фајад погоди со ножички за Хајдук!

Калил Фајад блесна со акробатски погодок и асистенција во ремито на Хајдук против Истра, п…