Дома Трансфер зона Агуеро во јануари се сели во МЛС

Агуеро во јануари се сели во МЛС

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро се пресели во Барселона како слободен играч, пред се за да игра заедно со својот пријател Лео Меси.

После заминувањето на Меси во Пари Сент Жермен, Агуеро е разочаран и веќе размислува да ја напушти Барселона.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Агуеро е заинтересиран во зимскиот преоден рок да се пресели во МЛС лигата во САД.

Агуеро после многу успешна деценија во Манчестер Сити се пресели во Барселона, но е разочаран од состојбата во клубот. Аргентинецот е моментално во аут поради повреда, па останува да се види дали и воопшто ќе дебитира за Каталонците.

Неговиот агент е во контакт со неколку клубови од МЛС лигата и Агуеро во јануари најверојатно ќе направи трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Алегри

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри сака да го засили средниот ред во зимскиот преоден рок. …