Дома Трансфер зона Агентот на Чонг потврди – заминува од Манчестер Јунајтед

Агентот на Чонг потврди – заминува од Манчестер Јунајтед

Агентот на младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг потврди дека неговиот клиент ќе си замине од „Олд Трафорд“.

20-годишниот крилен фудбалер се смета дека ќе биде новата „голема ѕвезда“, но не добива голема минутажа на „Олд Трафорд“, па поради тоа не сака да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед кој истекува на крајот на сезоната.

Неодамна се појавија шпекулации дека Јувентус веќе му понудил на Чонг „пристојна“ плата и богати бонуси доколку одбие да ја продолжи соработката со Јунајтед и дојде во Торино.

Интер исто така покажува сериозен интерес за младата ѕвезда и веќе ги направи првите контакти со неговиот агент, па најверојатно иднината на Чонг ќе биде во Серија А.

Денес неговиот агент потврди дека Чонг нема да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.

„Бараме добар проект и амбиент каде фудбалерот ќе може да напредува. Чонг влезе во последните шест месеци од договорот и веќе имаме право да преговараме со заинтересираните клубови“, изјави агентот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Перез и Зидан донеле одлука: Одредена цената на Бејл

Герет Бејл повторно на големо се поврзува со заминување од Реал Мадрид. Сезонава Велшанецо…