Дома Трансфер зона Агентот на Кутињо пристигнал во Париз!

Агентот на Кутињо пристигнал во Париз!

0

Преговорите помеѓу Барселона и ПСЖ продолжени се денес, а расплетот го чека и Фелипе Кутињо.

Според повеќе информации од каталонските медиуми, но и Твитер профилите кои се занимаваат со трансфер сега знаеме дека делегацијата на Барселона вклучувајќи го и спортскиот директор Ерик Абидал пристигна во Париз.

Исто така во Париз пристигнале и претставници на Кутињо, па изгледа дека добиваме потврда дека Бразилецот ќе биде вклучен во трансферот на неговиот сонародник Нејмар кој би требало да се врати во Барселона.

Според „ЕСПН“ Барса е спремна да понуди 100 милиони евра плус Кутињо и Ракитиќ, додека некои француски медиуми пишуваат дека Барса сака позајмица со право на откуп.

Во следните часови би требало да бидат познати повеќе информации, но во секој случај се верува дека Нејмар се враќа во Барселона, а Кутињо се сели во Париз, додека клубовите ќе го решаваат преостанатиот дел од трансферот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Најдобрите 11 кои ова лето пристигнаа во Серија А (ФОТО)

Кон крајот на минатиот и почетокот на овој милениум во Италија играа најдобрите фудбалери …