Дома Трансфер зона Агентот на Кеси на средба со Малдини, сака да се врати во Милан

Агентот на Кеси на средба со Малдини, сака да се врати во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Франк Кеси сака да се врати во Милан само шест месеци после неговото заминување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси не е задоволен од третманот што го има во Барселона каде добива мала минутажа и главно е на клупата за резерви.

Поради тоа репрезентативецот на Брегот на слоновата коста сака уште во јануари да ја промени средината, а негова најголема желба е да се врати на „Сан Сиро“.

Претставник од агенцијата која го застапува фудбалерот имал средба со Малдини во Милано, но „росонерите“ нема лесно да му простат што замина без обештетување.

Милан не сака да плаќа отштета и е спремен да го врати само на 18-месечна позајмица, но Барса тешко ќе се согласи на такви услови.

Интерес за Кеси покажуваат Фулам и Астон Вила, но приоритет на фудбалерот е да се врати во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…