Дома Останати Тенис Австралија Опен: Надал едвај до победа во првото коло

Австралија Опен: Надал едвај до победа во првото коло


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Рафаел Надал е далеку од најдобрата форма, но сепак успеа да го победи Британецот, Џејк Дрејпер со 7:5, 2:6, 6:4 и 6:1 со што се пласираше во второто коло на Австралија Опен.

Првиот сет се до 12. гем изгледаше дека ќе гледаме тај-брејк, но потоа Надал го нападна сервисот на ривалот и успеа да го одземе, а на свој сервис го потврди за 7:5.

Британецот започна да игра многу подобро во вториот сет и со четири гема во низа брзо го израмни резултатот.

Надал во третиот поведе со 4:1, а Дрејпер се врати до 4:4, сепак тука следуваа два нови гема на Шпанецот за 6:4. Играта на британскиот тенисер целосно се распадна во четвртиот сет, па Надал без многу проблеми со 6:4 дојде до победа од 3:1 во сетови.

Следна пречка на Надал во второто коло ќе биде Мекдоналд кој во првото коло го победи Накашима.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Клоп по новиот шок за Ливерпул: Лут сум и разочаран, немам објаснување…

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Ливерпул одигра уште…