Македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски кој е без клуб откако го напушти Кајсериспор би можел кариерата да ја продолжи во Романија.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аврамовски е без клуб скоро еден месец, а сега романските медиуми пишуваат дека интерес за него покажал Динамо Букурешт. Во овој тим Аврамовски би му се придружил на напаѓачот Мирко Ивановски.




Во Турција Аврамовски се пресели после распадот на тимот на Вардар, а на 24 натпревари за Кајсерипсор имаше учинок од два гола и четири асистенции.




Ќе потсетиме, Аврамовски беше дел од репрезентацијата на Македонија на Европското првенство, но не се најде на списокот на Милевски за октомврскиот и претходниот септемврски циклус на квалификации.