Дома Топ вести Шпанецот одлучи – Барса на чекор од големо засилување!

Шпанецот одлучи – Барса на чекор од големо засилување!

Преговорите се закажани, следи договор за цената, но приказната која се провлекуваше од почетокот на летото изгледа беше точна.

Состанокот е закажан, Белерин ги договорил личните услови со Барселона. Останува да се види реакцијата на Арсенал и Венгер кој имаше големо влијание на Шпанецот и го направи трет најплатен играч во клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што во овој момент се знае е дека семејството на младиот фудбалер веќе се вратило во Барселона, па тој нема намеа да остане сам во Лондон.

Белерин ќе мора да го чека договорот помеѓу клубовите, секако ако Арсенал прифати да преговара, доколку се случи спротивното наводно е спремен и на радикални чекори.

Проблем е цената. Арсенал бара 50 милиони, додека Барселона најмногу може да понуди 40 со дополнителни бонуси. Во секој случај, се очекува и Венгер да попушти бидејќи споменатите 40 милиони би можел да ги искористи да го доведе Квардадо од Јувентус.

Во формацијата 3-5-2, Колумбиецот би можел да ја покрива десната страна, сепак прашање е дали Јувентус би се согласил да го продаде. Но, доколку „Старата дама“ го реализира трансферот на Бернардески од Фиорентина, веројатно Квардадо би можел да си бара нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лука Јовиќ останува во Милан

Лука Јовиќ миатото лето пристигна во Милан на позајмица од Фиорентина, но „росонерите“ има…