Дома Останати Џошуа: Датумот за борба со Вајлдер е резервиран, јас чекам!

Џошуа: Датумот за борба со Вајлдер е резервиран, јас чекам!

joshua

Ентони Џошуа е спремен да се бори против Деонтај Вајлдер веќе на 13-ти април.

Долго се договараше натпреварот помеѓу двајцата шампиони во тешка категорија, но на крајот сите преговори пропаднаа, а во рингот со Вајлдер се најде Тајсон Фјури.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако оваа фантастична борба заврши без победник, повторно започна да се зборува за борба Џошуа – Вајлдер.

Џошуа како гостин во „ЕСПН“ истакна дека има намера да се бори со Вајлдер и дека веќе е спремен, но Вајлдер не се огласил.

„Вајлдер зборува дека не сакам да се борам со него, но јас сум спремен и сакам борба против него веќе на 13-ти април во Лондон. Не знам што треба да направам за таа порака да дојде до него. Него повеќе го интересираат борби со Фјури кој нема појаси. Не можам да контролирам што Вајлдер и Фјури зборуваат и прават, но можам да контролирам што јас зборувам и правам“.

„Ве уверувам дека сакам да се борам против Деонтај Вајлдер. Резервирав термин однапред, 13-ти април на „Вембли“ и мислам дека со тоа јасно покажав што сакам. Што уште треба да направам“, изјави Џошуа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…