Дома Фудбал Италија Џенова му одговори на Милан: Нема да чекаме до последниот ден

Џенова му одговори на Милан: Нема да чекаме до последниот ден

piatek

Полскиот напаѓач Криштов Пијатек се наоѓа на мета на Милан, а тоа го потврди и неговиот клуб, Џенова.

Пијатек постигна 16 погодоци во досегашниот дел на сезоната во Серија А, а Милан сака да го донесе како замена за Игуаин. Познато е дека Аргентинецот е пред трансфер во Челси, иако летоска дојде на 18-месечна позајмица од Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку Игуаин замине, Милан мора да најде нов напаѓач, а Росонерите како идеално решение го гледаат Пијатек, за кој Џенова бара најмалку 50 милиони евра.

„Чекаме понуда за Пијатек. До сега нема официјална понуда, само интерес. Милан знае дека сакаме да го задржиме играчот до крајот на сезоната, но ќе ги разгледаме сите понуди кои ќе пристигнат.“ – изјави спортскиот директор на клубот и додаде:

„Милан е заинтересиран, сега тука е Супер купот, но нема да чекаме до последниот ден на преодниот рок.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…