Интер и Реал Мадрид вчера одиграа натпревар во кој на крајот славеа „кралевите“ со гол во 90. минута.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шанси имаше и на двете страни, Интер беше посебно опасен во првото полувреме, но изостана реализацијата. Натпреварот го реши Родриго после асистенцијата од Камвинга пред самиот крај.
Во Интер сигурно имаат за што да жалат. Дека поразот е незаслужен смета и Един Џеко.
„Незаслужен пораз. Заслуживме повеќе. Одигравме одлично, но тешко е кога нема да постигнеш гол“, изјави Џеко.
Дека поразот на Интер е незаслужен сметаше и Марсело Брозовиќ.
Во групата Интер сега има три бода, како и Шериф кој го изненади Шахтјор со 2:0.