Дома Фудбал Италија Џеко: Живеев за ваквите ноќи…

Џеко: Живеев за ваквите ноќи…

Напаѓачот на Рома, Един Џеко е многу среќен по вечерашниот триумф над Шахтјор во Лигата на шампионите.

Рома се пласираше во четвртфиналето, откако славеше со 1:0 на „Олимпико“ благодарение на погодокот на Џеко, а тој по средбата истакна дека поради ваквите натпревари не сакал да замине од клубот во јануарскиот преоден рок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Аплауз навивачите треба да дадар на секој од играчите, не само на мене, бидејќи направивме се за да минеме во четвртфиналето. Не сакам да заминам од клубот бидејќи цела сезона играв за ваквите ноќи. Успеавме да направиме нешто што не и успеа на Рома во изминативе 10 години. Рака што, тоа што ќе играме против најдобрите во продолжението не прави горди. Не размислувам за тоа против когод ќе играме, бидејќи се сите силни, а против кој и да играме сигурен сум дека ќе биде пеколна атмосферата на нашиот стадион. Ние сме меѓу осуммте најдобри во Европа и знаеме дека сме силни“, истакна Џеко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јовиќ останува во Милан

Лука Јовиќ ова лето пристигна во Милан на позајмица од Фиорентина, но „росонерите“ имаат о…