Дома Фудбал Репрезентации Џака одби да се вакцинира, па сега нема да игра за Швајцарија затоа што е позитивен

Џака одби да се вакцинира, па сега нема да игра за Швајцарија затоа што е позитивен

Гранит Џака нема да може да и помогне на Швајцарија овој квалификациски циклус за СП 2022 затоа што е позитивен на коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Швајцарскиот капитен не е вакциниран, а тоа ги разлути челниците на швајцарскиот фудбалски сојуз.

„И тоа како сметав на Гранит“, изјави новиот швајцарски селектор Мурат Јакин.

Јакин додаде дека сојузот може да им препорача на играчите да се вакцинираат, но не може да ги обврзе на такво нешто.

„Тој е наш капитен, ние можеме да му препорачаме, меѓутоа одлуката беше негова“, изјави Јакин.

Швајцарија во недела ја чека натпревар против европскиот шампион Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Прекините за хидрација станаа бизнис: ФИФА не планира да ги укине

ФИФА не планира да се откаже од прекините за хидрација кои на Светското првенство 2026 им …