Дома Фудбал Германија Ќе има ли фудбал во Германија? Фудбалери од Бундеслигата позитивни на коронавирус!

Ќе има ли фудбал во Германија? Фудбалери од Бундеслигата позитивни на коронавирус!

Германците прават сериозни напори за што побрзо продолжување на Бундеслигата која е стопирана еден ипол месец и беше одреден датум, но сега прашање е дали ќе има фудбал затоа што Келн објави дека тројца нивни членови се позитивни на коронавирус.

Според она што се пишува во медиумите, станува збор за двајца фудбалери и еден член на стручниот штаб кои веднаш се ставени во карантин. Клубот не ги објави нивните имиња, само се наведува дека ниту еден од нив нема симптоми. И покрај оваа ситуација од Келн порачуваат дека ќе продолжат да тренираат, секако согласно со мерките за заштита.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе потсетиме претходните најави беа дека Бундес лигата ќе започне на 9. мај, но канцеларката Ангела Меркел тој датум го отфрли и потенцираше дака не е реално такво нешто, потоа се споменуваше 16. мај, меѓутоа со ситуацијата во Келн работите можат да се променат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…