Се погласни се шпекулациите дека Пауло Дибала на крајот на сезоната ќе ја напушти Рома и кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување, игра одлична сезона и е најдобар поединец во тимот.
Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.
Ситуацијата будно ја следи Њукасл кој сака на лето да го доведе во своите редови. „Чавките“ нема да ја чекаат клаузулата и се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис.