Њукасл денес ќе го финализира трансферот на напаѓачот на Барнли, Крис Вуд, пренесуваат медиумите на Островот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот од „Сент Џејмс Парк“ веќе ја активирал откупната клаузула на играчот, која изнесува 25 милиони фунти.
Покрај фактот што се засилува со нов напаѓач, Њукасл со ова ќе му нанесе и удар на директниот конкурент за опастанок.




30-годишниот Вуд утре ќе ги мине лекарските прегледи и се очекува да дебитира во сабота против Ватфорд. Тој е второто засилување за „чавките“ после Киран Трипие, кој пристигна од Атлетико за 12 милиони фунти.