Дома Фудбал Лига на шампиони Љоренте си призна: Топката ме удри во рака (ВИДЕО)

Љоренте си призна: Топката ме удри во рака (ВИДЕО)

Голема прашина се подигна околу голот кој вчера го постигна шпанскиот напаѓач Фернандо Љоренте.

Тој постигна гол за 4:3 што на крајот беше и конечен резултат, а судијата Чакир откако ја гледаше снимката го призна погодокот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скоро сите забележаа дека Љоренте топката го удри во рака, а и самиот Љоренте си призна дека играл со рака.

„Ова беше многу чуден натпревар. Не ја видов топката затоа што имаше многу други играчи пред мене. Таа ме погоди во рака и низ телото се спушти во голот“, искрен беше шпанскиот напаѓач.

Шпанецот истакна и жалење што неговиот поранешен тим Јувентус беше елиминиран во полуфиналето од Ајакс.

„Тешко ми падна елиминацијата на Јувентус. Сепак, Ајакс одигра неверојатен натпревар и заслужено помина во следната фаза“, изјави Љоренте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…