Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Фиорентина и италијански репрезентативец, Федерико Киеза.
Англиските медиуми тврдат дека Солскјер сака да го донесе младиот Италијанец на „Олд Трафорд“ и веќе спремил понуда од 70 милиони евра.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
„Виолетовите“ минатото лето успеаа да го задржат Киеза, но јасно е дека Италијанецот ова лето ќе сака да направи чекор напред во кареиара и ќе ја промени средината.
На Јунајтед воопшто нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Киеза силен интерес покажуваат уште Интер и Јувентус.
Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ се финансиски најмоќни и се спремни да понудат 70 милиони евра, сума која Фиорентина е спремна да ја прифати.
Притоа, Фиорентина преферира да го продаде Киеза на Островот, а не на директен ривал во Серија А.