Дома Фудбал Англија Јунајтед со пресврт го исфрли Мурињо од трката за ЛШ🎥

Јунајтед со пресврт го исфрли Мурињо од трката за ЛШ🎥

Манчестер Јунајтед стигна до голема победа во дербито со Тотенхем (3:1), иако тимот на Мурињо имаше предност на полувреме.

Двата тима одиграа фантастичен натпревар со многу возбудувања. Во 35-та минута Кавани постигна гол, но ВАР реагираше и беше поништен бидејќи Мектомини претходно направи гаул над Сон.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Само неколку минути подоцна Тотенхем поведе преку еден контранапад, а стрелец беше токму Сон.

Во второто полувреме видовме целосна доминација на Манчестер Јунајтед. Во 57-та минута Фред израмни на 1:1, а Кавани направи целосен пресврт во 79-та минута.

Тотенхем се обиде да израмни, ја погоди и пречката, а во последната минута Гринвуд ги постави конечните 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Терзиќ: Време е да ја прекинеме серијата на Реал Мадрид

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ смета дека неговиот тим може да ја прекине сери…