Дома Фудбал Англија Јунајтед најде замена за Мурињо, но ќе треба да плати 45 милиони!

Јунајтед најде замена за Мурињо, но ќе треба да плати 45 милиони!

Лошата сезона на Манчестер Јунајтед дефинитовно го натера раководството да тргне во потрага за нов тренер, а англиските медиуми тврдат дека заменикот на Мурињо е веќе пронајден.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, раководството на Манчестер Јунајтед има само еден фаворот за тренерското место после Жозе Мурињо, а тоа е тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Аргентинецот никогаш не криел дека би сакал еден ден да ги тренира „црвените ѓаволи“, па се чини дека сега е идеална прилика за тоа.

Во меѓувреме Покетино го продолжи договорот со Тотенхем до 2023 година, па поради тоа Јунајтед ќе мора да плати сериозна сума за да ја активира клаузулата.

Медиумите на Островот пренесуваат дека Покетино ќе ги чини „црвените ѓаволи“ точно 45 милиони евра. Меѓутоа, Јунајтед може да спаси пари од отказот на Мурињо доколку тимот не заврши во Топ 4 на крајот на сезоната.

Во тој случај Манчестер Јунајтед има можност да го отпушти „Специјалниот“ без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибрахимовиќ откри кој му бил најдосаден натпревар досега на Мундијалот: Заспав во второто полувреме (Видео)

Легендарниот шведски напаѓач од босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ, на својствен начин г…