Дома Трансфер зона Јунајтед мора да реагира ако не сака да го изгуби: Реал го контактирал Рашфорд!

Јунајтед мора да реагира ако не сака да го изгуби: Реал го контактирал Рашфорд!

Изгледа навистиан постои реална можност Реал Мадрид да го ангажира Маркус Рашофрд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат „Сан“ и „Мирор“, од „Сантијаго Бернабеу“ го контактирале менаџерот на младиот англиски фудбалер што потврдува дека Реал е сериозен во намерата да го ангажира.

Покрај скаутите на Реал Мадрид го следеле Рашфрод во натпреварот на „Вембли“ помеѓу Англија и Хрватска (2:1).

Договорот на брзоногиот напаѓач на Манчестер Јунајтед истекува за 18 месеци, но на „Олд Трафорд“ се спремни да му понудат нов. За Рашфрод една од најважните ставки во преговорите за нов договор е да биде стартер. Оваа приказна неодамна ја „подгреа“ и селекторот Герет Саудејт со изјавата дека Рашфорд мора да биде почесто во првите 11 кај Мурињо.

Се шпекулира дека менаџерскиот тим на Рашфорд би можел повторно да стапи во контакт со челниците на Реал, ако ситуацијата на „Олд Транфорд“ не се промени. Од почетокот на сезоната, Маркус само пет пати беше член на стартниот тим на Манчестер Јунајтед. Во меѓувреме интерес за неговите услуги покажа и Јувентус.

https://www.youtube.com/watch?v=OhzHmigSkn8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…