Дома Топ вести Јунајтед започнува преговори со Погба, му нуди рекорден договор

Јунајтед започнува преговори со Погба, му нуди рекорден договор

Пол Погба цело лето беше главна тема во преодниот рок, многу се шпекулираше, но Французинот сепак остана на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега медиумите на Островот најавуваат дека челниците на Манчестер Јунајетд наскоро ќе седнат на преговарачка маса со Погба и ќе му понудат нов, богат договор.

Оле Гунар Солскјер и раководството на „црвените ѓаволи“ ја испитуваат можноста за преговори за нов договор. Тековниот договор на Погба истекува за 2 години, со клаузула, исто така, истиот да продолжи за уште една сезона.

Погба моментално заработува 300.000 фунти неделно и заедно со Де Геа е најплатен во тимот, но „црвените ѓаволи“ се спремни да го направат Французинот најплатен фудбалер во историјата на клубот.

Новиот договор во голема мера тоа ќе зависи од неговиот агент Мино Раиола, кој беше еден од главните актери во летната сага, откако се обиде да најде начин за трансфер на Погба во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…