Дома Фудбал Франција Јужнокореец кој одигра 132 минути за ПСЖ продава повеќе дресови од Мбапе

Јужнокореец кој одигра 132 минути за ПСЖ продава повеќе дресови од Мбапе

Францускиот новинар Абдел Булма објави интересна иформација за тоа кој е фудбалерот на Пари Сен Жермен со најмногу продадени дресови.

Летово клубот го напуштија Меси и Нејмар, па се очекуваше дека Мбапе кој на крајот остана да биде лидер во овој сегмент, но не е така.

Најмногу дресови од фудбалерите на ПСЖ продал Јужнокореецот Канг-Ин Ли кој од доаѓањето за клубот од Париз одигра само 132 минути.

Секако, причина за ваквата статистика е еуфоријата која летово настана по неговото пристигнување во Париз. ПСЖ за неговите услуги плати сума од 22 милиони евра на Мајорка.

Неговата епизода во ПСЖ не стартуваше баш најдобро бидејќи набрзо заработи повреда, но фановите очекуваат да ги оправда нивните очекувања по враќањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…