Хамес Родригез и покрај тоа што не е задоволен во Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок сигурно ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“, но следното лето ќе биде ѕвезда на преодниот рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Голем број на европски гиганти се заинтересирани за Колумбиецот и се спремни да платат значителна сума за да го видат во своите редови, а последен во низата кој се вклучи за неговиот потпис е италијанскиот шампион Јувентус.
Италијанските медиуми тврдат дека Хамес Родригез ќе биде приоритет за „бјанконерите“ следното лето и се спремни да потрошат 70 милиони евра за да го доведат во Торино.
Притоа, „старата дама“ за да го убеди Колумбиецот да го избере нивниот клуб му ја ветува и легендарната „десетка“ која последно ја носеа Дел Пјеро, Тевез и Погба.
Сепак, на Јувентус воопшто нема да му биде лесно да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Хамес се заинтересирани уште Манчестер Јунајтед, Челзи, Интер и ПСЖ.