Дома Трансфер зона Јувентус тргнува по дефанзивецот на Фиорентина

Јувентус тргнува по дефанзивецот на Фиорентина

Италијанскиот шампион Јувентус е силно заинтереситан за дефанзивецот на Фиорентина и српски репрезентативец Никола Миленковиќ.

Веста денес ја пренесе „Тутоспот“, весник близок до Јувентус и тврди дека раководството во Миленковиќ гледа идеална замена за ветераниот Андреа Барзаљи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


21-годишниот Миленковиќ игра фантастична сезона во дресот на Фиорентина и го привлече вниманиетио на многу европски гиганти.

Силен интерес за Србинот покажува и Манчестер Јунајтед, но Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе почнал да работи на трансферот.

Италијанските медиуми тврдат дека цената на дефанзивецот во моментов изнесува помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…