Италијанските медиуми пренесуваат дека Марко Верати е примарна трансфер цел на Јувентус и дека италијанскиот шампион ќе направи се за да го донесе плејмејкерот на ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Верати не крие дека еден ден сака да се врати во Италија, а прва опција на Апенините за него е Јувентус.
Медиумите откриваат дека „старата дама“ е во постојан контакт со неговиот менаџер и дека спремила понуда од 80 милиони евра за неговиот потпис.
Сепак, познат е фактот дека парите не се проблем за ПСЖ и дека тешко која понуда ќе може да ги импресионира бидејќи не сакаат да се разделат од својата ѕвезда.
Додатен проблем за Јувентус ќе претставува и големата конкуреција бидејќи неколку европски гиганти се спремни да платат 100 милиони евра за неговиот потпис.