Дома Трансфер зона Јувентус сака да доведе соиграч на Несторовски?

Јувентус сака да доведе соиграч на Несторовски?

Тимот на Јувентус е заинтересиран за доведување на аргентинскиот играч за врска Родриго Де Паул.

Овој 26 годишен фудбалер игра одлично во дресот на Удинезе. Веќе четири години е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и изгледа дојде време за голем трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Спортмедијасет“ тврди дека спортскиот директор на Јувентус Фабио Партичи започнал со работа на овој трансфер и Аргентинецот би можел веќе во јануари да заврши во Торино.

Цената на Де Паул на пазарот е околу 30 милиони евра. Удинезе сигурно ќе се обиде да добие и нешто повеќе, а ќе видиме колку ќе биде спремен Јувентус да плати.

Пред Удинезе Де Паул играше уште за Валенсија и Расинг, сезонава на 13 натпревари постигна три гола и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…