Алекс Сандро не е задоволен во Јувентус, па раководството на „старата дама“ ќе му дозволи да направи трансфер во јануарскиот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Бјанконерите“ во летниот преоден рок ги одбија сите понуди за Бразилецот, кој остана во Торино, но не е задоволен и сака поголема плата.
Поради тоа италијанскиот шампиони ќе му дозволи да замине за сума од 60 милиони евра, а за неговиот потпис голема битка ќе видат Челзи и Манчестер Јунајтед (види ОВДЕ).
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус веќе пронашол замена за Бразилецот, а тоа е левиот бек на Валенсија Хозе Гаја.
22-годишниот шпански репрезентативец игра феноменално во дресот на „лилјаците“ и е трансфер мета на многу европски гиганти.