Дома Трансфер зона Јувентус Киеза ќе го менува со „иранскиот Меси“?

Јувентус Киеза ќе го менува со „иранскиот Меси“?

За Федерико Киеза заврши сезоната, Јувентус ги потврди лошите вести по натпреварот против Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во дербито со „волчицата“ Киеза заработи тешка повреда на коленото. Добро во целата ситуација за Јувентус е што се уште сме јануари и е отворен преодниот рок па ќе можат да интервенираат со доведување на негова замена.

Последните информации на италијанските медиуми е дека Јувентус е заинтересиран за фудбалерот на Зенит Сердар Азмун. Фудбалерот кој го носи прекарот „иранскиот Меси“ не би бил скапа инвестиција затоа што договорот со рускиот клуб му завршува на крајот од сезоната.

Наводно, Јувентус веќе ги остварил првите контакти со агентот на фудбалерот и Азмун изразил желба за преселба во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…