Дома Трансфер зона Јувентус и Сити фаворити за потписот на Адама Траоре

Јувентус и Сити фаворити за потписот на Адама Траоре

Јувентус е последниот гигант кој се вклучи во трката за потписот на напаѓачот на Вулверхемптон, Адама Траоре, пренесуваат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


24-годишниот Траоре е продукт на школата на Барселона, а покажува одлични партии во дресот на Вулверхемптон и го привлече вниманието на Манчестер Сити и Ливерпул.

Италијанскиот шампион го сака Траоре поради неговата поливалентност бидејќи може да игра како крило, но и како централен напаѓач.

24-годишниот Траоре е проценет на 90 милиони евра, но тешко дека споменатите клубови ќе ја платат таа сума во период на финансиска криза.

Медиумите на Островот тврдат дека главната битка за неговиот потпис ова лето ќе ја водат Манчестер Сити и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…