Дома Трансфер зона Јувентус и ПСЖ спремаат трампа

Јувентус и ПСЖ спремаат трампа

Јувентус е силно заинтересиран за играчот на ПСЖ, Леандро Паредес, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус е во потрага по квалитетни засилувања на средниот ред, а голема желба на Алегри е токму Паредес.

Двата клуба веќе започнале преговори и се спремни да направат трампа ова лето. „Светците“ се спремни да го пуштат Паредес, а за возврат го бараат Моис Кин.

Моис Кин е на позајмица во Јувентус со право на откуп за 38 милиони евра, но не се изнаигра оваа сезона кај „бјанконерите“.

Сепак, Јувентус е спремен да го откупи и да го употреби во трампата со ПСЖ за Паредес.

„Спортиталија“ пренесува дека ПСЖ во трампата ќе доплати и околу 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…