Дома Топ вести Јувентус договори ново големо засилување

Јувентус договори ново големо засилување

Јувентус и Борусија Мехенгладбах постигнаа договор за трансфер на играчот за врска, Денис Закарија, пренесува „Скај Спорт“.

После заминувањето на Бентанкур во Тотенхем, најголема желба на „старата дама“ беше токму Закарија и веќе неколку дена преговара за негов трансфер.

Договорот на Закарија со Мехенгладбах завршува на крајот на сезоната, па „бјанконерите“ за неговиот потпис ќе платат 8 милиони евра.

Швајцарецот веќе има договор со „старата дама“ и се очекува утре да пристигне на прегледи во Торино и да го комплетира трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…