Дома Фудбал „Јорганџиите“ и без Гризман обезбедија нови три бода

„Јорганџиите“ и без Гризман обезбедија нови три бода

Фудбалерите на мадридски Атлетико, запишаа триумф на гостувањето на Андалузија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Непријатниот Бетис во 15. коло ги пречека „Јорганџиите“, а четата на Чоло Симеоне славеше со минимални 1:0.

Погодокот на одлука беше постигнат во 29. минута, а стелец на истиот беше Саул Нјигез.

Врсаљко уфрли фантастична топка од десната страна, таа го мина петтерецот на Бетис, стигна до Саул, кој погоди за 1:0.

Атлетико ниту овојпат не блескаше, Бетис беше далеку подобар од својот ривал. Имаа фудбалерите од Севиља дури 75% посед на топката и двојно повеќе удари од ривалот, но Облак, за разлика од Адан остана несоборен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…