Пред стартот на сезоната се најавуваше дека Лука Дончиќ ќе биде лидер на Далас, но на првиот натпревар од сезоната недостасуваше поддршката на останатите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дончиќ играше одлично, меѓутоа сам не можеше да обезбеди победа, па Далас беше поразен од Феникс со резултат 106:102. Натпреварот Лука го заврши со 32 поени, осум скока и пет асистенции. Кај победничката екипа Девин Букер уфрли 22 поени и пет скока. Крис Пол не блескаше на дебито и го заврши мечот со осум поени, четири скока и пет асистенции. На почетокот од натпреварот имаше и многу промашувања.
Никола Јокиќ имаше уште подобра вечер од Дончиќ, но и неговиот Денвер забележа пораз. Подобар од тимот на српскиот кошаркар беше Сакраменто. Во овој меч се играа продолжение после кое Сакраменто излезе како победник со 122:124. Јокиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 29 поени, 15 скокови и 14 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Шарлот 121:114, Индијана – Њујорк Никси 121:107, Орландо – Мајами 113:107, Филаделфија – Вашингтон 113:107, Бостон – Милвоки 122:121, Торонто – Њу Орлеанс 99:113, Чикаго – Атланта 104:124, Мемфис – Сан Антонио 119:131, Минесота – Детроит 111:101, Денвер – Сакраменто 122:124 (пп), Портланд – Јута 100:120, , Феникс – Далас 106:102.