Дома Трансфер зона Јовиќ го извести Реал, сака на „Олд Трафорд“

Јовиќ го извести Реал, сака на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед до затворањето на преодниот рок сака да донесе централен напаѓач на „Олд Трафорд“, а прва мета е Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јовиќ веќе донел одлука да се пресели на „Олд Трафорд“ и за тоа ги известил двата клуба, а неговата иднина ќе биде решена до крајот на неделата.

Зидан и оваа сезона не смета на Јовиќ, кој е спремен да го напушти Мадрид во потрага по поголема минутажа.

Манчестер Јунајтед сака да го донесе Јовиќ на едногодишна позајмица со можност за откуп следното лето.

Србинот во Манчестер Јунајтед гледа извонредна можност да ја „оживее“ својата кариера и инсистира да се пресели на „Олд Трафорд“.

Доколку не успеат да се договорат со Реал Мадрид за Јовиќ, тогаш Јунајтед ќе се насочи кон Едисон Кавани, кој е слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…