Дома Фудбал Јовиќ ги воодушевил докторите во Мадрид: Тој е како плакар!

Јовиќ ги воодушевил докторите во Мадрид: Тој е како плакар!

Лука Јовиќ вчера стана нов член на Реал Мадрид.

Младиот српски напаѓач со „кралевите“ потпиша договор на шест години, а потоа беше претставен пред новинарите и навивачите.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Јас сум најсреќниот човек на светот. Убеден сум дека донесов вистинска одлука и се надевам дека ќе му помогнам на Реал да освои уште многу титули“, изјави Јовиќ.

Пред потписот со Реал Јовиќ помина прегледи во медицинскиот центар, а докторите во Реал останале воодушевени од резултатите кои ги добиле.

„Докторите во Реал биле воодушевени од физичката состојба на Лука Јовиќ. Овој човек е како плакар“, пишуваат шпанските медиуми.

 

Неговиот изглед тоа и навистина го потврдува. Сега на него е да ги оправда очекувањата и да покаже зошто потпиша за еден од најголемите клубови во светот, а шанса да се докаже сигурно дека ќе добие.

Минатата сезона во дресот на Ајнтрахт Јовиќ одигра 48 натпревари за германскиот клуб и успеа да забележи учинок од 27 голови и седум асистенции.

Тимот од Франкфурт за неговите услуги ќе добие 60 милиони евра, но една третина ќе мора да проследи на Бенфика каде што Јовиќ настапуваше пред да се пресели во Германија. Освен Бенфика и Ајнтрахт напаѓачот на почетокот на кариерата го носеше дресот на Црвена Звезда.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…