Дома Фудбал Англија Јасен е планот на Коста, следниот чекор веќе на повидок

Јасен е планот на Коста, следниот чекор веќе на повидок

Диего Коста нема намера да игра за Челзи, но мораше да се врати во Лондон, бидјеќи практично и нема каде.

Шпанецот не успеа да го реализира трансферот во Атлетико Мадрид, па сега мораше да се врати, бидејќи има договор со Челзи, а преодниот рок е завршен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мадридска „Марка“ пренесе дека планот на Коста е на сите можни начини да го издејствува трансферот во Атлетико Мадрид, не сака да остане подолго од што мора, а тоа е до јануари. Не му е важно дали ќе биде во екипата или не, туку само Челзи да одобри да замине во разумна цена.

Шпанецот не е регистриран за ЛШ, така што од зима ќе може да игра на сите фронтови со четата на Диего Симеоне.

Антонио Конте не смета на него, прашање е дали само ќе биде во натпреварувачкиот погон, односно со кого ќе тренира до зима.

Со самото тоа, Атлетико ќе биде во можност да се ценка, и да ја спушти цената за бившиот голгетер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…